Политика и услови за користење

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку фирма специјализирана за достава на услуги, на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

ИНОТЕК-АЛАТИ Д.О.О.Е.Л. УВОЗ/ИЗВОЗ СКОПЈЕ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата во рок не подолг од 24 часа од кога е извршена уплатата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

5. ПОЛИТИКА НА РЕКЛАМАЦИЈА

Доколку од било која причина не Ви се допаѓа производот можете да го вратите и Вашите средства ќе бидат рефундирани. При тоа треба on-line да се пополни и испрати формуларот за рекламација на производот кој се наоѓа приложен на нашата веб страна. Производот за да биде вратен треба да биде во оригинално пакување, неоштетен и да не биде користен.

Доставата при процес на враќање на производот и рефундирање на средствата е на сметка на купувачот.

За нас

Купи ВИТАМИНИ е Е-Продавница за продажба на витамини, минерали и суплементи во исхраната.

Производите кои се предмет на понуда се со потекло од Европската унија.

Контакт

  • +389 2 55 129 66
  • info@kupivitamini.mk

Facebook

Kupi Vitamini © 2024. UKION SHOPS