Креатин мускул макс содржи креатин монохидрат, збогатен со таурин. Креатинот ја зголемува физичката кондиција во случај на кратки, многу интензивни, последователни вежби. Придобивки се забележуваат со дневен внес на 6г од креатинот.
Креатин монохидрат е еден од побезбедните и поефикасни суплементи на пазарот, токму поради тоа што на него се направени многу студии за да се потврдат неговите ефекти. Креатин монохидрат е најдобриот избор за луѓе кои првпат го користат овој тип на додаток.
Креатинот се јавува природно во храната, особено говедското месо. За жал, овие количини се премногу мали за да се искористи целосниот потенцијал на креатинот. Креатин мускул макс може успешно да се користи во периодот на градење маса, сила и издржливост.
Нутритивни вредности во: | 6г / 1порција |
Креатин монохидрат | 5400 мг |
Од кој креатин | 4752 мг |
таурин | 600 мг |
Состав: 90% креатин монохидрат, 10% таурин.
Пакување: 500 г
Начин на употреба: 6г креатин растворен со 375мл вода. Денови кога тренирате: 1 доза пред тренинг. Денови кога не тренирате: 1 доза наутро, на празен стомак. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Порции во едно пакување: 83
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Купи ВИТАМИНИ е Е-Продавница за продажба на витамини, минерали и суплементи во исхраната.
Производите кои се предмет на понуда се со потекло од Европската унија.